„Обрнавме внимание на зборовите на американскиот амбасадор во Приштина Грег Делави за тоа дека Вашингтон ја поддржува иницијативата за формирање на вооружени сили на самопрогласената „Република Косово“ под услов тоа да се случи преку донесување на измени и дополнувања на косовскиот устав“, се наведува во соопштението на портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова.
„Идејата за трансформација на Силите за безбедност на Косово во комплетни вооружени сили властите во Приштина ја негуваат веќе со години. Тие се обидуваат да најдат за тоа соодветна псевдоправна база“, додава Захарова.
„Сметаме дека ова прашање лежи на апсолутно друго рамниште. Од клучна важност е тоа што ваквиот потег самиот по себе е кршење на меѓународното право, бидејќи тоа е спротивно на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244, со која се предвидува присуство на вооружени сили во покраината исклучиво врз основа на мандатот на Советот за безбедност на ОН, односно на Силите на Косово (КФОР), кои денес претежно се составени од силите на земјите-членки на НАТО“, се вели во соопштението.
„Покрај тоа, таквиот потег би бил крајно неодговорен од аспект на безбедност во регионот и на европскиот континент во целина. Појавата на нова воена компонента на Балканот во форма на „косовски вооружени сили“ би била во спротивност со Договорот од Фиренца, кој им за цел одржување на регионалната стабилност со поддршка на ОБСЕ. Тоа би значело дека на територијата на еден од потписниците на Договорот од Фиренца, на територијата на Србија, би се појавила воена структура која не е под контрола на властите на оваа земја“, заклучува Захарова, коментирајќи ја изјавата на американскиот амбасадор на Косово.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче