Отворена истрага за „тероризам“ по експлозијата во Санкт Петербург

Истражниот комитет на Русија поведе кривична истрага за „тероризам“ по денешната експлозија во метрото во Санкт Петербург, меѓутоа потенцира дека тоа не е единствената верзија за настанот.

Поведена е кривична истрага според членот „тероризам“ по денешната експлозија во метрото во Санкт Петербург, меѓутоа, истрагата разгледува и други верзии за настанот, изјави за „Интерфакс“ портпаролот на Истражниот комитет на РФ Светлана Петренко.

„Без оглед на тоа што е поведена кривична истрага според член 205 од Кривичниот законик на РФ (терористички акт), истрагата има намера да ги провери и сите други можни верзии за овој инцидент“, изјави Петренко.

Според информациите на Министерството за здравство на Русија, 10 лица загинаа, а уште 40 се хоспитализирани. Шестмина од повредените се наоѓаат во критична состојба, соопшти министерката за здравство на Русија Вероника Скворцова.

Неактивирана експлозивна направа беше најдена на станицата „Плоштад на Востанието“ и истата беше деактивирана од стручњаци за експлозив.

Извор: varlamov.comИзвор: varlamov.com

Како што соопшти извор на „Интерфакс“ од безбедносните органи, таа експлозивна направа била маскирана како апарат за гаснење пожар.

„Експлозивната направа, деактивирана на „Плоштадот на Востанието“,  беше со дополнителни елементи за зголемување на штетата, и нејзината моќност изнесуваше околу еден килограм ТНТ“, изјави соговорникот на агенцијата.

Според информациите на извор, запознаен со ситуацијата, наводниот организатор на експлозијата е снимен од безбедносните камери. Според непотврдени информации, тој ја оставил бомбата во акт чанта во вагон на возот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.