Земјите-членки на НАТО го сметаат распоредувањето на русите ракетни системи „Искандер“ во Калининградската област за закана по својата безбедност, изјави заменик-генералниот секретар на Алијансата Роуз Гетемилер во интервју за весникот „Комерсант“.
„Никој не спори со тоа дека Калининградската област е територија на Русија. Но, распоредувањето ракетни системи „Искандер“ е доказ за тенденцијата за милитаризација и засилување на контролата... над воздушниот простор. Многу членки на Алијансата кои граничат со Русија го сметаат тоа за закана по својата безбедност“, изјави Гетемилер.
Претходно Министерството за одбрана на Русија ги потврди соопштенијата на медиумите за преместување на мобилни ракетни системи „Искандер М“ во Калининградската област. Портпаролот на одбранбениот ресор Игор Конашенов објасни дека тоа е мобилен систем и дека ракетните сили ја усовршуваат обуката. Според него, „никој не го криеше транспортирањето на системот“, згора на тоа, „еден „Искандер“ беше поставен под американски шпионски сателит за прецизирање на параметрите на работењето на тоа вселенско летало“, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче