Машиновозачот спречил поголем број на жртви во метрото во Санкт Петербург

Ова го соопшти Истражниот комитет на Русија.

Машиновозачот на возот во петербуршкото метро, во кое се случи денешната експлозија, постапил професионално и придонесе за спречување на уште поголем број на жртви, изјави портпаролот на Истражниот комитет на Русија Светлана Петренко.

Таа истакна дека истражните органи дошле до ваквиот заклучок по увидот во податоците кои се во моментов достапни.

„Експлозијата се случила меѓу станиците, но машиновозачот донел правилна одлука да не го запре возот додека не пристигне на станицата, што овозможило итно да почне евакуацијата и давањето помош на настраданите“, се наведува на сајтот на Истражниот комитет на Русија, пренесува „Взгљад”.

Исто така се наведува дека е во тек сослушувањето на очевидците и припадниците на метро-службата и прибирање на предмети важни за истрагата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња