Кремљ не се согласува со обвинувањата на Полска за несреќата со Качински

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека Русија води своја истрага и дека работата на случајот ќе продолжи.

Кремљ не се согласува со обвинувањата на обвинителството на Полска на адреса на руските контролори на лет за предизвикување на авионската несреќа кај Смоленск во која загина претседателот на таа земја Лех Качински. „Не е можно да се согласиме со таквите заклучоци (за вината на контролорите на летање)“, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

Портпаролот на Кремљ потсети дека Русија води своја истрага за несреќата. „Несомнено, околностите за оваа трагедија се веќе доволно сериозно истражени, проучени“, потенцираше тој. Песков увери дека работата на случајот ќе продолжи.

Денеска обвинителството на Полска ги обвини руските контролори на лет во намерно предизвикување на авионската несреќа на авионот Ту-154М на претседателот на Полска Лех Качински на 10 април 2010 година.

Според заменикот-државен обвинител на Полска Марек Пашчонек, „ова се обвиненија за смислено предизвикување на несреќа“. Пашчонек изјави дека обвиненијата се формулирани врз основа на повторната анализа на повеќе од 2 илјади томови од истрагата за катастрофата на претседателскиот авион.

Покрај руските контролори на летање, полската страна исто така изнесе обвинувања против „трето лице“ кое се наоѓало утрото на 10 април 2010 година во кулата за контрола на летање на аеродромот „Северни“ кај Смоленск, каде требаше да слета полскиот авион.

Во обвинувањето не е прецизирано кое е „третото лице“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња