Во Санкт Петербург поради сомнение за вмешаност во подготовката на експлозиите во метрото е објавена потерница по две лица.
Ова го соопшти „Интерфакс“ повикувајќи се на извор во безбедносните органи.
„Поради сомневање за подготовка на експлозиите, објавена е потерница по две лица: едното - кое ја подметнал експлозивната направа која подоцна беше активирана во вагонот на метрото, а второто – кое ја оставило бомбата на станицата „Плоштад на Востанието“, изјави изворот.
Претходно Истражниот комитет на Русија ја оквалификува експлозијата во метрото во Санкт Петербург како терористички чин, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче