Портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков го коментираше текот на антитерористичката операција на САД во Ирак. Според него, Вашингтон крие злосторства на терористите, врши напади врз објекти со цивили и ги оправдува масовните жртви од нивното бомбардирање, пренесува „Известија“.
Портпаролот на МО на РФ укажа на видео, каде е прикажана провокација од страна на терористите во Ирак: тие тераат цивили да влезат во една зграда во западниот дел на Мосул, а потоа почнуваат да пукаат од зградата за да ги предизвикаат коалиционите сили на возвратен удар.
Американската армија соопшти дека засега го разгледува прашањето за декласификација на ова видео. Според Конашенков, оваа изјава ја одразува нивната позиција – да вршат напади врз цивилите, одговарајќи на намерно провокативните акции на милитантите, а потоа да ги оправдаат жртвите меѓу населението.
„Кои се мотивите на американската команда, која ги прикрива воените злосторства на терористите од меѓународната заедница?“, додаде претставникот на руското Министерство за одбрана.
Конашенков исто така ги спореди дејствијата на коалицијата предводена од САД во Ирак и руската авијација во Сирија. Според него, во Алепо руската авијација не вршеше напади, туку ја обезбедуваше безбедноста на функционирањето на хуманитарните коридори, испораката на товари и друга помош за локалното население. Во Мосул коалицијата продолжува да врши напади и покрај бројните цивилни жртви.
Затоа, според Конашенков, не може да стане ни збор за какви било хуманитарни аспекти на операцијата која САД ја спроведува во Ирак.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче