Поранешниот советник на претседателот на САД за национална безбедност Мајкл Флин ги обелодени информациите за своите приходи во износ од 1,3 милиони денари кои тој ги добил во 2014 година за работата за технолошки компании, политички групи, како и држење говори, пишува весникот „Њујорк Тајмс“.
Првата верзија на финансискиот извештај Флин ги достави до канцеларијата за етика и во Белата куќа на 11 февруари - неколку дена пред да ја напушти својата функција. Се соопштува дека тогаш тој не ги открил имињата на компаниите за кои говорел на своите јавни настапи, пренесува РИА „Новости“.
Според информиран извор на весникот „Вашингтон Пост“, првата верзија на документот била нацрт кој требало да ја помине обичната процедура за проверка и коригирање. Овој процес беше суспендиран поради оставката на Флин. Потоа службените лица на Белата куќа побараа од него да ја доврши процедурата и да ги прецизира сите организации кои платиле за неговите говори.
Како што прецизира „Вашингтон Пост“, меѓу изворите на приходи се наведени телевизијата RT, американска компанија за воздушен транспорт, дел од компанијата „Волга-Днепар“, како и една американска компанија, контролирана од „Лабораторијата на Касперски“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче