Хејли: Трамп ми нема дадено инструкции да не ја критикувам Русија

Постојаниот претставник на САД во ООН Ники Хејли изјави дека претседателот Доналд Трамп никогаш не ѝ кажал да не ја критикува Русија.

Претседателот на САД Доналд Трамп им нема забрането на неговите дипломати „да ја напаѓаат Русија“, изјави постојаниот претставник на земјата во ООН Ники Хејли.

„Претседателот ниту еднаш ме нема повикано и ми нема кажано: „Не ја напаѓај Русија“. Тој никогаш не ми се јави и не ми посочи што да зборувам“, изјави таа во интервју за телевизијата Еј-Би-Си, пренесува РИА „Новости“.

На прашањето на водителката за тоа нели е Трамп оној кој треба да ги критикува активностите на руските власти, Хејли одговори дека претседателот има „многу работа“ и затоа таа е онаа која се занимава со критика.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња