Амбасадор на РФ во Минск за антируската активност на Западот во Белорусија

Амбасадорот на Русија во Белорусија Александар Суриков изрази загриженост во врска со активностите на западните земји на територијата на републиката.

„Сѐ, што се однесува на активностите на Западот на украинското крило, на белоруското, сето тоа се антируски активности. И ние разбираме дека следните напори ќе бидат насочени кон Белорусија, и веќе се насочени“, изјави амбасадорот Суриков во интервју за белоруската редакција на „Спутник“.

Притоа, според Суриков, земјите од ЕУ „засега не се во состојба да го откинат“ Минск од Москва. „А и Белорусија не е подготвена да се фрли во прегратките на Западот, кинејќи ги сите економски врски. Тоа е примерот со Украина, тоа е примерот со Молдавија“, рече рускиот амбасадор.

Како пример за антируските активности дипломатот истакна дека во Белорусија „зачестија разни делегации“. Тој додаде дека Русија гледа што се случува и „работи на тоа“.

На 1 април претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека различни тестови ја откриваат кревкоста на постигнувањата на Сојузната  држава. Притоа тој потенцираше дека историското сеќавање и меѓусебната поддршка секогаш биле за Москва и Минск „над сите меркантилни или тактички причини“, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња