Во Конгресот на САД е поднесен предлог-закон за воведување санкции против Москва како одговор на сајбер-заканите и покрај недостатокот на докази. Исто така, пред некој ден, сенаторот од Охајо Шерод Браун поднесе резолуција со која се повикува американскиот претседател да ги заостри постоечките санкции, повикувајќи се на тригодишнината од обединувањето на Крим со Русија. Притоа како аргумент е наведена и шегата на Путин за границите на Русија, пренесува „Взгљад“.
Во резолуцијата Сенатот го повикува Трамп да ја поддржи Украина и со смртоносно оружје“, „да ја осуди континуираната руска агресија“ и да ги заостри санкциите.
„Претседателот Путин даде алармантни изјави за неговите ставови за руската територија, говорејќи дека границите на Русија „никаде не завршуваат“. Понатаму тој истакна дека за прашањето на присоединувањето на Крим „за ништо не жали“, се вели во документот.
Русија, исто така, треба да биде казнета поради „поддршката на десничарските партии во Европската унија“, сметаат сенаторите. Објавен е список на партии кои наводно имаат врски со руската влада, меѓу кои се францускиот „Национален фронт“, „Алтернатива за Германија“, австриската и холандската „Партија на слободата“, Партијата на независноста на Британија (УКИП), италијанската партија „Северна Лига“ и партијата „Движење на петте ѕвезди“.
Сите партии се обвинети дека нивните лидери се среќаваа со претставници на руските власти и наводно добивале финансиска поддршка од Кремљ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче