Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека пристапите кон меѓународните односи на Владимир Путин и на Доналд Трамп се многу слични.
„Навистина изгледа така. Обајцата инсистираат на приоритетот на националните интереси. И добро сфаќаат дека во своите национални интереси е да се одржуваат добри односи со партнерот, да се уверат дека наведените односи се полезни и дека сте подготвени да го имате предвид мислењето на другиот“, изјави Песков во интервју телевизијата Еј-Би-Си.
Според него, Русија е „доволно трпелива“ за да ги „сфати пристапите на сегашната администрација“. Кремљ е свесен дека на новиот тим сѐ уште му е потребно време за да го формулира својот однос спрема Москва, потенцираше тој.
Портпаролот на шефот на руската држава истакна дека за Русија ниското ниво на соработка со САД „претставува опасност“ и изрази надеж за подобрување на односите, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче