„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Русија на ниво „БББ минус“

Меѓународната рејтинг агенција Фич (Fitch) го потврди суверениот кредитен рејтинг на Русија на ниво БББ минус со „стабилна“ прогноза.

Во соопштението на „Фич“, во моментов ризиците за намалување и зголемување на рејтингот на Русија се балансирани.

„Русија даде континуиран и доверлив одговор на политиката на драстичниот пад на цените на нафтата. Флексибилниот курс, силната приврзаност кон таргетирање на  инфлацијата, буџетската консолидација и поддршката на финансискиот сектор овозможија да се задржат сигурните надворешни и буџетски баланси“, истакнуваат аналитичарите на меѓународната агенција“.

Нивото на инфлацијата во Русија, според експертите на организацијата, се намалило од 7,6% во 2016 година на 4,1% во февруари 2017 година и до средината на 2017 година ќе достигне 4%. Дефицитот на федералниот буџет се очекува да дојде на 2,4% од БДП и на 1,4% од БДП во 2018 година, од 3,4% од БДП во 2016 година поради зголемувањето на буџетските приходи од гас и нафта и замрзнување на расходите.

Русија демонстрира силни показатели на својот платен биланс и надворешните финансии.

Руското Министерство за финансии позитивно ја оцени одлуката на „Фич“ за потврда на кредитниот рејтинг. Според министерот за финансии Антон Силунов, тоа е доказ за правилните мерки што ги презема владата за стабилизација на економијата во услови на ниски цени на нафтата, а исто така ја одразува увереноста на агенцијата за рејтинг во стабилната состојба на државните финансии.

Последен пат „Фич“ го разгледа кредитниот рејтинг на Русија во октомври 2016 година: тогаш аналитичарите на организацијата го зголеми од „негативен“ на „стабилен“ и го оставија на инвестициско ниво „BBB-“. Експертите се одлучија за ова решение откако Москва реализираше „убедлива политика“ во услови на драстичен пад на цените на нафтата. Претходно своите прогнози за суверениот кредитен рејтинг на Русија ги подобрија агенциите Стандард и Пурс и Мудис, пренесува РБК.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња