Песков: Односите меѓу Русија и САД полоши отколку во Студената војна

„Нова студена војна? Можеби, дури и полошо, имајќи ги предвид потезите на претходната американска администрација“, одговори портпаролот на рускиот претседател на прашањето на водителот на телевизијата Еј-Би-Си дали Русија и САД се наоѓаат во состојба на студена војна.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека односите меѓу Русија и САД во моментов се во полоша состојба отколку за време на Студената војна.

Ова тој го изјави во интервјуто за емисијата „Добро утро, Америка“ на телевизијата Еј-Би-Си.

„Нова студена војна? Можеби, дури и полошо. Можеби дури и полошо, имајќи ги предвид потезите на претходната американска администрација“, одговори портпаролот на рускиот претседател на прашањето на водителот на телевизијата Еј-Би-Си дали Русија и САД се наоѓаат во состојба на студена војна.

На крајот на февруари МНР на РФ соопшти дека односите меѓу Москва и Вашингтон се наоѓаат на најниско ниво по завршувањето на Студената војна, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња