Маневрите на силите на САД во Германија со учество на „статисти кои зборуваат руски“ не претставуваат подготовка за некакви дејствија, изјави за РИА „Новости“ портпаролот на Здружениот мултинационален центар за обука на војници во Германија капетан Крис Бредли.
„Во нашиот центар се трудиме да обучуваме војници на начини најблиску до реалноста, за да гарантираме дека тие ќе успеат да дејствуваат во многу различни ситуации“, изјави тој, коментирајќи ја појавата на официјалниот сајт на Берлин на оглас во кој се бараат статисти-говорители на руски јазик за учество во воените вежби што ќе се одржат од 26 април на полигонот Хиенфелс во близина на Нирнберг.
Тој истакна дека „овие сценарија не претставуваа подготовка за било што, но се насочени кон тоа американските војници и сојузници да бидат подготвени за решавање на цел спектар проблеми со кои можат да се соочат во светот“:
Бредли потсети дека „американските војници и нивните сојузници се обучуваат на тој полигон од 1952 година“. „Во услови кога светот се менува, ние го сменивме фокусот на нашата обука. Во последните маневри учествуваа 1250 лица од Канада, Чешка, Естонија, Франција, Унгарија, Германија, Италија, Македонија, Латвија, Холандија и Словенија“, истакна тој.
Според него, присуството на луѓе кои зборуваат на различни јазици, како и различни сојузници кои учествуваат во маневрите, ја обезбедува комплексноста на сценаријата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче