Путин потсети на „арапската пролет“ и државниот преврат во Украина

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на Арктичкиот форум изјави дека неодобрените протести доведоа до „арапска пролет“ и државен преврат во Украина.

„Сметам дека е погрешно, ако некој, некои политички сили се обидуваат да го искористат за сопствена корист тој инструмент (неодобрените акции) не за подобрување на ситуцијата во земјата, туку за себепромоција на политичката сцена во предворјето на некои политички настани, вклучувајќи ги и изборните кампањи во земјата. И ние и вие добро знаеме, и сакам да укажам на тоа, дека тој инструмент се искористи на почетокот на таканаречената „арапска пролет“. До што доведе тоа, до кои крвави настани во регионот доведе тоа – ние многу добро знаеме“, изјави Путин, пренесува РИА „Новости“.

Тој истакна дека таквите акции доведоа до државен преврат во Украина.

„Исто така, многу добро знаеме дека тоа беше еден од мотивите и поводите за државниот преврат во Украина. Во каков хаос го фрлија тие настани нашиот сосед – Украина, – и тоа добро го знаеме“, додаде рускиот претседател.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња