Путин подготвен да се сретне со Трамп во Финска

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека е подготвен да се сретне со претседателот на САД Доналд Трамп на маргините на Арктичкиот самит во Финска.

„Финска, според мене, е мошне соодветна земја, Хелсинки е мошне соодветна за организација на такви настани“, одговори Путин на соодветното прашање.

Притоа рускиот претседател потенцираше дека таквите настани треба да бидат добро подготвени „на двете страни“.

„Доколку се случи тоа, ќе ни биде мило да земеме учество, и ќе ми биде мило да земам учество во таков настан. Доколку не се случи, тогаш во рамките на обичните средби од таков вид на Г-20 (во јули годинава во Германија), мислам дека таква средба (со претседателот на САД) може да се одржи“, објасни рускиот лидер, пренесува „Газета.ру“.

Претходно премиерот на Финска Јуха Сипила изјави за подготвеноста да организира средба на претседателите на Русија и на САД Владимир Путин и Доналд Трамп.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња