Захарова: Западот не реагира на протестите во Франција

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова го коментираше отсуството на реакција на западните министерства за надворешни работи на протестите на претставници на кинеската заедница во Париз во врска со убиството на нивниот сонародник од страна на француската полиција.

Како што пишува портпаролот на руската дипломатија на „Фејсбук“, во текот на протестот била приведена една петтина од демонстрантите.

„Освен МНР на Кина, ниту еден од горенаведените дипломатски ресори не се загрижи за почитувањето на слободите и демократијата, никакви изјави на Форин Офиси или Стејт департменти, дури и напишани без искра, како по ист шаблон, не се појавија“, напиша Захарова, за споредба набројувајќи ги соопштенијата на европските и американските власти по приведувањата на некоординираните активности во Русија, пренесува RT.

Ноќта на 28 март во Париз имаше масовни немири против полициската бруталност во кои учествуваа околу 150 луѓе. Полицијата примени солзавец.

На 26 март државјанинот на Кина Ли Шао нападна полициски службеници кои дојдоа кај него за проверка на пријава за семејна караница. Еден полицаец беше ранет, неговиот партнер отвори оган врз напаѓачот и го уби.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња