Захарова за изјавите на Киев по повод гранатирањето на полскиот конзулат

Марија Захарова од МНР на Русија ги коментираше обвинувањата на Киев за гранатирањето на полскиот конзулат во украинскиот град Луцк.

Портпаролот на МНР на РФ Марија Захарова ги коментираше изјавите на украинската страна за тоа дека Русија наводно може да биде вмешана во нападот врз полскиот конзулат во украинскиот град Луцк.

 

„Божествено. Уште и би додала дека Русија, користејќи хибридни технологии, придонесе за испраќањето на Дешчица за амбасадор во Полска заради поткопување на авторитетот на Украина во очите на Полјаците“, напиша Захарова на својата „Фејсбук“ страница.

Претходно беше соопштено дека непознати лица во средата го гранатирале генералниот конзулат на Полска во Луцк. Во МНР на Полска потоа беше повикан украинскиот амбасадор Андреј Дешчица, кој изјави дека „Русија е заинтересирана поддршката за Украина на Запад од страна на Полска да биде помала“ и „поради тоа е таа провокација“, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња