Ова се вели во соопштението за медиумите на Министерството за финансии на Русија.
Во документот се истакнува дека лондонскиот суд „призна отсуство кај тужениот на секакви аргументи кои ги негираат аргументите на тужителот за постоењето долг по еврообврзници“.
Претходно беше соопштено дека Високиот суд на Лондон во забрзана постапка ќе го разгледа случајот за долгот на Украина спрема Русија во износ од 3 милијарди долари.
На крајот на 2013 година Русија ѝ додела на Украина 3 милијарди долари за исплата на платите на буџетарите и пензиите. Киев инсистира дека тие средства претставуваат „мито“ за поранешниот претседател на земјата Виктор Јанукович.
Министерот за финансии на Украина Александар Даниљук изјави дека Киев продолжува да ја брани својата позиција во лондонскиот суд, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче