Пентагон: Војската на САД треба да се подготви за „војна на ѕвездите“

Стратешката команда на Вооружените сили на САД смета дека американската војска треба да биде подготвена за борбени дејствија во вселената.

Како што изјави заменик-началникот на СТРАТКОМ вицеадмиралот Чарлс Ричард, САД треба отворено да покажат дека имаат капацитет да водат борбени дејствија и во вселената. Според него, таквата стратегија треба да го спречи ширењето на конфликтите во просторот околу земјината топка, пренесува „Спејс.ком“.

„Сметам дека најдобар начин за спречување војна е да се подготвиме за неа и треба да им дадеме до знаење на сите дека сме подготвени да водиме војна до победа секаде, вклучувајќи го и вселенскиот простор“, ги цитира изданието зборовите на вицеадмиралот.

Според зборовите на Ричард, предноста на САД во воено-космичката индустрија денес се наоѓа под закана од страна на Русија и Кина, кои успешно развиваат противсателитско оружје. „И покрај тоа што не сме во состојба на војна во вселената, не можеме да кажеме дека нашата вселена би можеле да ја наречеме мирна“, потенцира тој.

Ричард исто така изјави дека конфронтацијата на суперсилите на агендата е повторно најкритична  во последните 15-20 години, што влијае и на вселенската сфера. Според него, САД треба да го спречат и „лошото однесување“ во вселената, како што е, на пример, тестирањето на кинеското противсателитско оружје во 2007 година, по што во орбитата се појавија повеќе од 3400 објекти кои се сметаат за вселенски отпад, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња