Во Русија за 6 години бројот на многудетни семејства пораснал за 25%

На почетокот на 2017 година бројот на многудетни семејства во Русија изнесуваше 1566000, што е за 25% повеќе во однос на последниот попис. (1250000 семејства според серускиот попис на населението што се одржа во 2010 година). Околу 100 илјади руски семејства имаат по пет до седум деца, а 929 семејства - по 11 деца или повеќе. Овие бројки ги наведе првиот заменик-министер за труд на Русија Алексеј Вовченко. Во Јавната комора на РФ ова го нарекоа тенденција и показател за високата ефикасност на социјалната политика.

Според податоците од 1 Јануари 2017 година, бројот на многудетни семејства во Русија од 1 милион 250 илјади (серускиот попис на населението се одржа во октомври - декември 2010 година) порасна на 1 милион 566 илјади. Ова е за 25% повеќе во однос на последниот серуски попис.

По три деца во Русија имаат 1 милион 233 илјади семејства, по четири – 233 илјади семејства, од пет до осум деца - 95 илјади семејства. По осум-десет деца имаат 5 илјади семејства, а по 11 и повеќе – 929 илјади семејства. Оваа информација ја испрати првиот заменик-министер за труд на Русија Алексеј Вовченко до претседателот на Националниот родителски комитет Ирина Волинец.

Заменик-претседателот на Општествената комора на РФ за заштита на семејството, децата и мајчинството Павел Сичов смета дека порастот на бројот на многудетни семејства е тенденција, формирана поради ефикасната државна социјална политика.

„Ова е тренд, формиран благодарение на ефикасната државна поддршка“, изјави тој. „Ова се случува кога луѓето со две деца сфаќаат дека постојат можности да се прошират кога постои сигурност во иднината“.

Сичов објасни дека во Русија како ефикасни мерки за социјална поддршка се мајчинскиот капитал, повластената хипотека, разните субвенции, федералните и регионалните програми за помош на семејствата, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња