Рускиот Генералштаб гледа во ПРО на САД закана за сателитите

Распоредувањето на системот за противракетна одбрана (ПРО) на САД ги стеснува можностите за дијалог за нуклеарно разоружување и е закана за слободното користење на вселенскиот простор.

Ова го изјави заменик-началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Виктор Познихир, пренесува „Газета.ру“.

„Зголемувањето на потенцијалотна американската ПРО стимулира трка во вооружување, пред сѐ во стратешкото, ги принудува другите држави да преземаат возвратни воени и воено-технички мерки. Глобалниот систем за ПРО на САД претставува закана за слободното користење на вселенскиот простор од страна на секоја држава“, изјави тој.

Според Познихир, американската ПРО има можност да ги уништи речиси сите вселенски летала во ниската орбита. Притоа заканата, истакна тој, постои за вселенската работа на секоја држава, вклучувајќи ја и Русија.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња