Русија ги повикува САД на рамноправен и конструктивен дијалог на противракетна тематика, изјави на сесијата на Конференцијата за разоружување во Женева заменик-началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС на РФ Виктор Познихир.
„Повикуваме на рамноправен и конструктивен дијалог на противракетна тематика, насочен кон барање решенија кои ги земаат предвид интересите на сите заинтересирани страни“, истакна тој, пренесува ТАСС.
Познихир потенцираше дека Русија е „принудена да презема адекватни возвратни мерки, насочени кон спречување на постојната можна штета врз безбедноста на државата како резултат на понатамошното зголемување на можностите на ПРО на САД“. Тој потсети дек РФ предлагала заедничка разработка на ПРО-архитектурата за Европа. „Меѓутоа сите наши иницијативи беа одбиени“, констатираше тој.
Како што истакна рускиот воен експерт, „според нашите процени, во 2002 година бројот на противракети на системот за ПРО ќе изнесува повеќе од 1000 единици, а во иднина ќе го надмине бројот на боеви глави на руските интерконтинентални балистички ракети и на балистичките ракети на подморниците“.
Таквиот број огнени средства на ПРО „претставува сериозна закана за рускиот потенцијал на одвраќање, особено ако се има предвид на работите кои постојано се вршат за модернизација на огнените системи за ПРО“.
Руските претставници, изјави Познихир, повеќе пати на различно ниво ѝ укажувале на американската страна на опасноста што ја претставува глобалниот систем на ПРО за стратешката рамнотежа на силите во светот. Меѓутоа, „аргументите не се прифаќаат, очевидните факти се игнорираат“, потенцираше тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче