„Нашите напори и понатаму ќе бидат насочени кон тоа да не им се дозволи на „вжештените глави“ во Киев да предизвикаат нов бран на насилство на југоистокот на земјата. Во секој случај, нема да ги оставиме жителите на Донбас на милост и немилост“, изјави Лавров во интервју за весникот „Аргументи и факти“.
Процесот на регулирање на конфликтот на југоистокот на Украина сега стои во место поради упорното немање желба кај раководството на Украина да ги исполни своите обврски пропишани во „Минската спогодба“, објасни Лавров.
„Ќе продолжиме да работиме на тоа Киев да ја укине блокадата на Донбас и да почне да ги реализира своите обврски. Сметаме на тоа дека западните држави на сличен начин ќе му пристапат на проблемот, затоа што повеќе пати кажаа дека нема алтернатива на „Минската спогодба“, истакна Лавров.
Рускиот министер додаде дека пред сѐ е потребен директен дијалог меѓу Киев и Донецк и Луганск. „Ниту Русија, ниту новиот американски претседател, ниту кој било друг не може да го направи за завојуваните страни она од што зависи регулирањето на конфликтот – а тоа е директен договор за заемните гаранции за безбедноста и принципите на изградба на заедничка иднина“, изјави Лавров.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче