Централната банка на Русија ќе ја намалува референтната каматна стапка

Банката на Русија во неделата ја намали референтната каматна стапка од 10% на 9,75%.

Банката на Русија и понатаму ќе ја намалува референтната каматна стапка постепено, можно е со некои паузи, меѓу другото, веројатно, на состаноците на советот на директори на регулаторот, изјави првиот човек на Централната банка на Русија Елвира Набиулина.

Банката на Русија во неделата ја намали референтната каматна стапка од 10% на 9,75%. Покрај тоа, Централната банка допушта намалување на референтната каматна стапка при поволни услови.

Набиулина исто така изјави дека ситуацијата на девизниот пазар останува стабилна.

Купувањето странска валута од страна на Министерството за финансии на Русија можеше да предизвика краткорочно влошување на очекувањата поврзани со девизниот курс и инфлацијата.

„Операциите на извршија значително влијание на рубљата во услови кога преовладуваа фактори во полза на нејзино зацврстување“, изјави шефицата на Централната банка на Русија, пренесува „Вести ФМ“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња