Борисов има намера да одржува прагматични односи со Москва

На парламентарните избори во Бугарија победи прозападната конзервативна партија на поранешниот премиер Бојко Борисов „Граѓани за европски развој на Бугарија“, соопштува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Притоа втора најмоќна политичка асоцијација станаа проруски настроените социјалистите предводени од Корнелија Нинова. Како што тврди германското издание, резултатите од овие избори ќе го одредат идниот политички курс на Софија.

На парламентарните избори во Бугарија победи партијата „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), соопштува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Во исто време, проруски настроените социјалисти станаа втората најмоќна политичка сила во земјата.

Според последните прогнози, поранешниот премиер Бојко Борисов од прозападната конзервативна партија за само неколку проценти од гласовите излезе пред неговиот противник од редовите на социјалистите Корнелија Нинова. Според Централната изборна комисија на Бугарија, излезноста три часа пред завршувањето на изборите беше 42,7%.

Ова се четврти избори во Бугарија во изминатите четири години, истанува весникот. Нивниот исход ќе го дефинира политичкиот правец во кој земјата ќе се развива во иднина. Нинова се жалеше на фактот дека ЕУ ја третира Бугарија како земја од „втора класа“. Таа, исто така, истапи против продолжување на антируските санкции. Сепак, политичарот увери дека ако таа дојде на чело на владата, тоа нема да овозможи пораст на влијанието на Москва врз Софија:

„Ниедна земја - ниту на Истокот, ниту на Западот - нема право да влијае на политиката во Бугарија“. Впрочем, и Борисов изјави дека има намера да одржува „прагматични“ односи со Русија, потсетува весникот, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња