Претседателката на Литванија ја смета Русија за закана за Европа

Русија е закана не само за Литванија и Балтичкиот регион, туку и за цела Европа, изјави претседателката на Литванија Даља Грибаускајте.

Претседателката на Литванија Даља Грибаускајте во интервју за изданието „Форин Полиси“ изјави дека Русија претставува закана не само за Литванија и Балтичкиот регион, туку и за цела Европа.

„Гледаме како Русија се однесува во Калининград – во близина на нашите граници. Таму се распоредени ракети кои можат да носат нуклеарни глави, можат да дојдат до главните градови на европските држави. Тоа веќе не е работа само на земјите од Балтикот“, изјави таа, пренесува РИА „Новости“.

Грибаускајте додаде дека Литванија бара од САД да донесат одлука за постојано присуство на вооружените сили во балтичкиот регион.

„Сега американските војници се распоредени во Германија и во Западна Европа, а сепак најголемата закана се концентрира во Источна Европа – во Полска и земјите од Балтикот. Ете зошто ние бараме и им препорачуваме на САД да се решат за постојано распоредување на силите во регионот. И нам ни треба ПРО. Невозможно е да ја заштитите својата територија или копнените сили ако немате ПРО“, потенцира претседателката на Литванија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.