Путин: Русија во никој случај не сака да влијае на изборите во Франција

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на средбата со кандидатот за претседател на Франција Марин Ле Пен изјави дека Русија ги смета за важни односите со Франција.

„Ние им придаваме многу големо значење на нашите односи со Франција, притоа се трудиме да одржуваме еднакви односи како со претставниците на актуелната власт, така и со претставниците на опозицијата“, изјави Путин, пренесува RT.

Притоа рускиот лидер истакна дека во Франција активно се одвива предизборната кампања и потенцираше дека Русија не сака да влијае на тие настани.

„Ние во никој случај не сакаме да влијаеме на тековните настани, но го задржуваме за себе правото да комуницираме со сите претставници на сите политички сили во земјата, исто како што прават нашите партнери, на пример, во Европа, во САД“, додаде Путин.

Претходно Ле Пен изјави за отсуството на повод за влошување на односите меѓу Русија и Франција.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња