Коен потсетува на периодот на „макартизмот“, кога сенаторот Џозеф Макарти и неговите приврзаници гонеа луѓе за кои на еден или друг начин сметаа дека се комунисти. Коен ја нарекува сегашната ситуација „неомакартизам“ која се манифестира во опструкција на Трамп и луѓето од неговиот тим од страна на либералните и прогресивни демократи, пренесува „Взгљад“.
Коен пишува дека американските чиновници бараат да се „разобличат“ луѓето кои имале врски со Русија во врска со истрагата за мешање во изборниот процес на САД. Притоа под „сомневање“ се најдоа критичарите на американската политика кон Москва и оние оженети со Русинки, или пак такви кои едноставно често престојувале во Русија. На тој начин, според Коен, „антиамериканисти“ можат да бидат илјадници научници, новинари, дипломати, бизнисмени и културни дејци.
Такви се изјавите на постојаниот претставник на САД во ООН Ники Хејли дека Вашингтон „никогаш не треба да ѝ верува на Русија“, што ги сведува на нула децениите работа над руско-американските договори во сферата на вооружувањето. Многу опасно е да се даваат такви изјави во оваа сфера, смета аналитичарот.
Американските медиуми пак само долеваат масло на огнот – темата „заговорот на Трамп и Путин“ постојано се врти во пишаните и електронските изданија. Притоа, во емисиите не се канат луѓе со алтернативна гледна точка, а заговорот на Путин и Трамп останува само на зборови, односно непотврдени факти, истакнува Коен.
Таков е и филмот на Си-Ен-Ен за Путин, во кој се толкуваат „мислите и мотивите“ на рускиот претседател, што е полошо од банално поедноставување. Сите важни фактори – политичките, социјалните, економските, меѓународните – беа изоставени. Сите оние кои не се согласуваат со таквите обвинувања на адреса на Москва ги обвинуваат за „проруска позиција“.
Коен смета дека студената војна на САД против Русија ќе стане пожестока и поопасна, а постапките на медиумите и политичарите можат да доведат до тоа војната со Русија – и тоа нуклеарна – да стане неизбежна, заклучува американскиот експерт во својата статија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче