Експерт: Како декоративната армија на Црна Гора ќе го засили НАТО?

Експертот Георгиј Енгељгардт за целите на зачленувањето на Црна Гора во НАТО.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон го повика американскиот Сенат да го ратификува протоколот за стапувањето на Црна Гора во НАТО.

САД сѐ уште го немаат ратификувано протоколот, затоа што некои сенатори се против, а како причина го наведуваат прашањето: каква реална полза ќе има Алијансата од зачленувањето на Црна Гора во НАТО?

За научниот соработник на одделот за современа историја на земјите од Централна и Југоисточна Европа при Институтот за славистика на РАН Георгиј Енгељгардт, влегувањето на Црна Гора во НАТО има глобална цел, а тоа е во иднина да се исклучи секакво воено присуство на Русија во регионот.

„Со прифаќањето на Црна Гора во НАТО, Алијансата во целост ќе ја отсече Србија од излезот на Јадранско море и на источниот Медитеран. И ќе стави точка на можното обединување на овие земји во единствена држава во иднина. Црна Гора на Јадранот има стари воено-поморски бази. Судејќи по изјавите на низа американски политичари, вклучувањето на оваа земја во НАТО има единствена цел: да ја лиши Русија од секаква, дури и хипотетичка можност на еден или друг начин некогаш да ги добие тие бази и да си обезбеди уште еден излез на Средоземното море. Што значи, таа територија треба да се стави под своја контрола“.  

И покрај тоа што мнозинството од населението на Црна Гора, според анкетите, е негативно расположено кон идејата за зачленување во НАТО, сепак, властите на Црна Гора два дена по прогласувањето на независноста на земјата (2006 година), зазедоа курс кон евроатлантска интеграција.

„Владата на Црна Гора и режимот на Ѓукановиќ активно се спротивставуваа и се спротивставуваат на одржувањето референдум за зачленување во НАТО. Затоа тие решија да ја спроведат таа одлука преку парламентот, заобиколувајќи го мислењето на народот. А опозицијата, која истапуваше против членство во Алијансата и е за блиски односи со Русија, режимот ревносно ја дескридитира. Токму со таа цел беше одиграна и антируската карта во октомври минатата година“.

„И стапувањето во НАТО и антируската реторика му се потребни на раководството на Црна Гора како средство за одржување на власт. Тоа ќе му обезбеди на актуелниот режим да преживее. Заради политичката поддршка на Западот следбениците на Ѓукановиќ се подготвени да ги жртвуваат како суверенитетот, така и почитта на значителен дел од населението на својата земја. Кое сѐ уште памет кој е пријател, а кој непријател“, заклучува Енгељгардт, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња