Столтенберг: Важен е дијалогот со Русија

Дијалогот меѓу Русија и НАТО е особено важен во периоди на зголемена затегнатост, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на маргините на состанокот во Вашингтон на претставниците на меѓународната коалиција за борба со терористичката организација „Исламска држава“.

„Во време на пораст на затегнатоста уште поважно е ние да разговараме едни со други и да ги држиме отворени линиите за воени и политички контакти“, ги цитира зборовите на Столтенберг агенцијата „Ројтерс“.

Генералниот секретар на НАТО потсети дека на почетокот на март шефот на воениот комитет на Алијансата Петар Павел одржа телефонски разговор со началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов.

Претходно Министерството за одбрана на Русија соопшти дека првиот во последните три години разговор меѓу Герасимов и Павел се одржал на иницијатива на НАТО, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња