Самојлова ја коментираше забраната за влез во Украина

Пејачката Јулија Самојлова се надева дека Киев ќе ја промени својата одлука.

Руската пејачка Јулија Самојлова, на која во средата Киев ѝ забрани влез во Украина, не губи надеж дека ќе настапи на „Евровизија“ и смета дека ситуацијата може да се промени.

„Сево ова е многу смешно да се гледа отстрана, затоа што не разбирам што видоа во мене, во мене, во толку мало девојче, видоа некаква закана. Јас, после сѐ, не се тревожам. Одам понатаму. Сѐ си мислам дека ќе се смени“, изјави Самојлова за „Прв канал“, пренесува „Интерфакс“.

Во средата прес-службата на „Прв канал“ соопшти дека Самојлова ќе може да ја претставува Русија на „Евровизија“ наредната година, во случај Украина да не ја промени својата одлука.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.