Русија ќе потпише со Индија договори за испорака на хеликоптери и фрегати

Русија и Индија ќе склучат договори за испорака на 48 хеликоптери Ми-17В-5 и четири фрегати од проектот 11356.

Двата договора ќе бидат потпишано во 2017 година, изјави директорот за меѓународна соработка на државната корпорација „Ростех“ Виктор Кладов.

Зборувајќи за договорот за фрегатите, тој изјави дека „Индијците веќе се зрели за избор на бродоградилиште“, пренесува РИА „Новости“.

Во понеделникот претставникот на „Рособоронекспорт“ Владимир Ерешченко изјави дека околу 45% од воената техника отпаѓа на земјите од Азиско-тихоокеанскиот регион. Според него, Русија соработува со традиционалните партнери и освојува нови пазари.

Ми-17В-5 е извозна варијанта на хеликоптерот Ми-8 и се користи како за цивилни, така и за воени цели. Индија веќе има во своите Вооружени сили околу 150 такви летала.

Фрегатите од проектот 11356 влегоа во состав на вооружувањето на Русија во 2016 година. Овие бродови можат да бидат вооружени со ракетни системи „Штиљ 1“, артилериски системи, како и лансери на торпеда за противподморничка и противторпедна одбрана.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња