Пентагон: Русија реши да биде стратешки ривал на САД

Шефот на Пентагон Џејмс Матис изјави во американскиот Сенат дека Русија ја користи „моќта на ветото“ во ООН.

Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис на сослушувањата во американскиот Сенат изјави дека Русија донела одлука да биде „стратешки ривал“ на САД.

Матис исто така ги повика земјите-членки на НАТО на соработка, за да се „даде единствен одговор на секој руски авантуризам, каков што видовме на Крим и во Украина“.

Матис тврди дека Русија наводно се обидува да ја искористи „моќта на ветото“ во ООН над економските, дипломатските и бебезбедносните интереси на другите земји, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња