Москва меѓу првите 100 најскапи градови во светот

Москва е на 98 место во светот според трошоците за живот.

Според истражувањето на агенцијата Economist Intelligence Unit (EIU), Москва го зазема 98 место според трошоците за живот во градовите низ светот.

Во материјалот под наслов Worldwide Cost of Living 2017 се прецизира дека во однос на минатогодишниот рејтинг, рускиот главен град се искачил за 15 места, станувајќи на тој начин еден од лидерите по раст.

Градот Сингапур четврта година по ред е на првото место на листата, а по него следуваат Хонконг, Цирих, Токио и Осака.

Останатите градови во првата десетка најскапи градови се Женева, Париз, Њујорк и Копенхаген.

Најевтин град за живеење е Алма Ата, кој го зазеде последното, 133 место. Нигерискиот град Лагос, индискиот Бангалор, пакистанскиот Карачи, Алжир, индиските Ченаи и Мумбај, Киев, Букурешт и главниот град на Индија – Њу Делхи – исто така се наоѓаат на крајот на листата.

EIU го истакнува влијанието на колебањето на цените на нафтата и сировините врз трошоците за живот, пренесува „Газета.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња