Одлуката на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон да го пропушти состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО поради разговори со лидерот на Кина Си Ѓинпин, а потоа да ја посети Москва, ги загрижува сојузниците на САД во Алијансата, пишува германското издание „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.
Како што истакнува изданието, „Тилерсон нема време за своите колеги од НАТО“, затоа што разговорите со лидерот на Кина на Флорида на 6-7 април претставуваат за него приоритет. Згора на тоа, по средбата со Си Ѓинпин Тилерсон ќе замине во посета на Москва.
Поранешни високи американски функционери се плашат дека „таквото планирање на средбите на државниот секретар може да предизвика вознемиреност кај сојузниците на САД“.
Според нив, „Тилерсон на тој начин може да го засили впечатокот дека САД флертуваат со Москва“, се вели во статијата што ја пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче