Шефот на БНД: Русија не е само виртуелна, туку и реална закана

Владимир Путин ќе се обиде да влијае врз текот на германските парламентарни избори со цел да ја поткопа политика на санкции на Германија, изјави во интервју за „Шпигел“ шефот на Федералната разузнавачка служба Бруно Кал. Притоа тој смета дека од Русија не доаѓа само виртуелна закана поврзана со сајбер-напади и дезинформации на социјалните мрежи, но исто така е и потполно реална, воена, зашто, како што тврди Кал, Москва двојно ја зголемила борбената моќ на границата со Европа.

Во интервју за „Шпигел“ шефот на Федералната разузнавачка служба (БНД) на Германија Бруно Кал предупредува за можна руска интервенција во текот на германските избори за Бундестагот. „Во минатото сме виделе слично, не само во Германија, туку и во другите региони на Европа, каде што наскоро ќе се одржат  избори“, изјави тој. „Целта на Путин не е изменета: германската влада по промената на власта во САД и Брегзит продолжува да води активна политика на санкции против Русија. Путин навистина сака да го промени тоа. Затоа, можно е тој да вложи определени напори изборите за Бундестагот да доведат до таков вид на промени“.

Кал зборува за лажните вести кои руските медиуми ги шират на социјалните мрежи, предизвикувајќи бран на негодување меѓу граѓаните на Германија. „Со такво модел се имаме сретнато веќе повеќе пати. Откако ќе го разобличиме, ние, се разбира, се надеваме дека тоа ќе послужи како предупредување за Русите. Впрочем, Путин не сака да биде фатен на дело“.

„Русија има три главни пропагандистички мегафона: ТВ-каналот „Русија денес“ (Russia Today), сајтот „Спутник“ и платформата „Викиликс“, која се занимава со разобличување“, тврди Кал. Исто така, тој наводно има причини да се сомнева дека Русија вршела напади врз серверите на германскиот Бундестаг.

Впрочем, шефот на БНД смета дека најголемата закана сепак доаѓа од тероризмот, а не од Русија: „На мојот список на закани тероризмот е на највисоката позиција. Таа предизвикува најголема загриженост кај населението. Ние како служба треба да покажеме резултати по ова прашање“. Кал, исто така, истакнува дека руската закана станала „пореална“: „Затоа, ние ја третираме сериозно. Тоа не е само пропагандистичка закана. На дневниот ред се разгледуваат целосно традиционални прашања. Работи кои имаат врска со воената сфера и во сферата на оружје“.

„Русија двојно ја зголеми борбената моќ на западната граница“, изјави шефот на БНД. „И тоа не се само ракетите „Искандер“. На подрачјето на Крим се појавија голем број на летала. И конвенционални сили. Сето ова не може да се смета за мерки од одбранбена природа, насочени против Западот. Ова треба да се гледа како потенцијална закана“, изјави Кал, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња