Пратеник во Думата ги коментираше санкциите на Киев за посета на Крим

Забраната од страна на Украина за влез во земјата за парламентарците од Чешка и Србија во врска со нивната официјална посета на Крим зборува за паничниот страв на Киев од вистината и објективната информација, изјави заменик-претседателот на комитетот на Државната дума за меѓународни работи, еден од организаторите на посетата Алексеј Чепа.

„Несомнено, ние ја осудуваме таквата неадекватна реакција на украинските власти – овој чекор зборува за нивниот паничен страв од вистината и објективната информација. Зашто ако европските пратеници дојдат на Крим и им раскажат на Украинците како мирно и дружно живеат луѓето на Крим, тоа може да ја разниша легитимноста и на така веќе разнишаниот украински режим“, изјави Чепа за новинарите.

Според него, овој чекор уште еднаш ја докажува слабоста на украинскиот режим, изграден исклучително врз пропаганда и репресии на граѓаните на својата земја.

„Искрено им благодарам на европските политичари за нивната одважност, решителност и приврзаност кон објективноста, токму таквите карактеристики треба да ги имаат одговорните политичари“, заклучи тој, пренесува РИА „Новости“.

Претходно парламентарците на повеќе европски земји пристигнаа на Крим на иницијатива на партијата „Праведна Русија“, каде во нивната програма е предвидено разгледување на знаменитостите и низа средби со претставници на регионалната власт и верски заедници.

Во состав на странската делегација се парламентарци од Чешка, Србија, Црна Гора, Велика Британија, Бразил и Киргизија. Претходно најавените пратеници од Украина, Латвија, Литванија и Унгарија во последен момент се откажаа од посетата, велат организаторите.