Песков: Путин не жали за Крим и повторно би го сторил истото

Путин повторно би го направил истото со присоединувањето на Крим, изјави неговиот портпарол Дмитриј Песков.

Претседателот на Русија Владимир Путин ја држи и продолжува да ја држи ситуацијата околу Крим под лична контрола и нема да ја смени својата одлука, доколку би имал таква можност, изјави портпаролот на шефот на државата Дмитриј Песков.

„Тој, всушност, ја држеше и ја држи „кримската приказна“ лично под своја контрола... сигурен сум дека повторно би постапил на истиот начин како што постапи, и би ги донел истите одлуки кои ги донесе, и би ја презел одговорноста што ја презеде“, изјави Песков во интервју за телевизијата РБК.

Притоа тој призна дека, веројатно, можело поефикасно да се спроведат процесите на интеграција, поефикасно да се потрошат буџетските пари наменети за подобрување на квалитетот на животот во Крим и така натаму, и за тоа претседателот е свесен.

Во саботата Крим ја одбележа третата годишнина од обединувањето со Русија, пишува РИА „Новости“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.