На транспарентот кратенката „Би-Би-Си“ е преведена како Blah Blah Channel (Бла-бла канал). Исто така, на него има нацртано вооружени млади луѓе во маски, додека во позадина стои логото на британската телевизија.
Потоа на трибините беше истакнат друг транспарент, кој ги покажува вистинските фудбалски навивачи. На него се нацртани политичари и уметници кои навиваат за „Спартак“ – меѓу нив и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Натписот на вториот транспарент гласи „Добредојдовте во Русија“. Притоа кратенката Би-Би-Си овојпат гласи „Болельщики большой страны“ (Навивачи на големата земја).
На тој начин навивачите му одговорија на Би-Би-Си за филмот за „руските фудбалски хулигани“ кои наводно подготвуваат провокации против англиските навивачи на претстојното Светско фудбалско првенство кое ќе се одржи во Русија 2018 година, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче