Првиот човек на Крим смета дека Путин треба да биде доживотен претседател

Првиот човек на Крим Сергеј Аксјонов изјави дека не се залагал за промена на уставното уредување во Русија, туку дека зборувал само за овластувањата на претседателот на Русија Владимир Путин.

„Доколку Владимир Владимирович (Путин) за време на Советскиот Сојуз раководеше со процесот, СССР нема да се распаднеше“, истакна Аксјонов во програмата на телевизијата „Русија 24“.

Според него, против Русија се здружиле определени сили.

„Владимир Владимирович треба да биде доживотен претседател“, потенцираше тој, пренесува „Газета.ру“.

Претходно Аксјонов изјави дека мисли дека Русија треба да стане монархија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.