Запрашан на телевизијата Си-Ен-Ен дали е точно дека ја смета можноста од нуклеарна војна со Русија за реална, конгресменот Сет Мултон изјави дека новата доктрина на Русија е „ескалација заради деескалација“, односно дека Русија сака да искористи нуклеарно оружје за да ги намали шансите за напад со конвенционално оружје врз неа.
„Проблемот е о тоа што ние едноставно немаме план како да одговориме на тоа. Ако Русија почне да ги користи нуклеарните глави против нашите сојузници во Европа, ние можеме како одговор на тоа да го употребиме нашиот нуклеарен арсенал“, смета Мултон.
Но, постои можност, на пример, Русија да ги нападне американските сили кои во моментов одржуваат воени вежби во Полска, и затоа тоа претставува сериозна опасност и „администрацијата на Трамп треба да се однесува спрема неа посериозно“, изјави американскот конгресмен, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.