Кина ќе гради нови патишта за подобар сообраќај со Русија

Кина годинава ќе инвестира околу 15 милијарди американски долари во изградба на нови патишта за подобрување на патниот сообраќај со Русија.

Властите на автономниот реон Внатрешна Монголија на северот на Кина планираат во 2017 година да инвестираат 101 милијарда јуани (околу 15 милијарди американски долари) во изградба на нови патишта, особено за подобрување на патниот сообраќај со Русија, пренесува во саботата агенцијата „Ксинхуа“ повикувајќи се на локалната управа за транспорт.

Се соопштува дека Внатрешна Монголија во 2017 година ќе ја забрза изградбата на патиштата кон градовите Манџурија и Ерен Хото „за подобрување на сообраќајот со Русија и Монголија“. Се истакнува дека инвестициите се за 12% поголеми во споредба со минатата година.

Според плановите на локалните власти, годинава ќе бидат изградени 20 илјади километри патишта, вклучувајќи три илјади километри автопат.

Претходно министерот за транспорт на Кина Ли Ксиаопинг изјави дека владата на Кина планира во рамките на реализацијата на 13 петолетка за развој на земјата (2016-2020 година) да инвестира во транспортната инфраструктура 15 трилиони јуани (2,18 трилиони американски долари), од кои 7,8 трилиони јуани (1,13 трилиони американски долари) ќе бидат наменети за изградба на патишта.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња