Лавров: Западот води планирана кампања за дискредитација на Русија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров смета дека на Запад се води планирана кампања за дискредитација на Русија која не придонесува за одржување на стабилноста во светот.

Како што потенцира шефот на рускиот дипломатски ресор, „алармираат многубројните случаи на ограничување на професионалната дејност на нашите новинари“, пренесува „Взгљад“.

„И ние сметаме дека професионалните здруженија ќе продолжат да придонесуваат за унапредувањето на високите стандарди на новинарската дејност“, додаде Лавров на средбата со некомерцијалните организации.

Во средата американската сенаторка од редовите на демократите Џин Шахин подготви предлог-закон, со кој ќе му се дадат на Министерството за правда на САД дополнителни овластувања за почеток на истрага против телевизијата RT која емитува програма во САД.

Како одговор на тоа, портпаролот на МНР Русија Марија Захарова предложи патем во тој закон да бидат наведени и книги кои ќе бидат наменети за палење на плоштадите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња