Стејт департмент: антируските санкции поради Крим остануваат на сила

Вршителот на должноста портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека САД ќе ги остават на сила антируските санкции во врска со присоединувањето на Крим сѐ додека Русија ја задржува контролата над полуостровот.

„Русија спроведе нелегитимен референдум во текот на кој жителите на Крим беа принудени да гласаат додека странски вооружени сили ја „окупираа“ нивната земја“, се вели во изјавата на Стејт департментот што ја пренесува „Газета.ру“.

Тонер додаде дека „САД не го признаваат референдумот што се одржа на 16 март 2014 година на Крим“.

„Нашите санкции, поврзани со Крим, ќе останат да важат сѐ додека Русија не ѝ ја врати контролата над полуостровот на Украина“, се вели во соопштението.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња