Путин се пошегува за својот ракопис

Претседателот на Русија Владимир Путин не можеше да си ги прочита забелешките кои ги напиша во текот на излагањето на рускиот бизнисмен Владимир Потанин.

Рускиот претседател Владимир Путин се пошегува за својот ракопис за време на пленарната седница на конгресот на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи (РСИП).

Коментирајќи го излагањето на бизнисменот Владимир Потанин, во кое, на пример, се зборуваше за зголемување на приходите и продуктивноста, претседателот ги погледна своите забелешки и не можеше да прочита еден збор. „Ова го напишав како со нозе – ни самиот не можам да прочитам. Како во училиште“, истакна претседателот на РФ. Неговата забелешка предизвика смеа во салата.

По пленарната седница, Путин зад затворени врати се состана со претставниците на бизнисот и членовите на управниот одбор на РСИП. Меѓу темите за кои се дискутирало беше ситуацијата со руските банки во Украина, како и прашањата за оданочувањето и наплатата на даноци, изјави шефот на „Лукоил“ Вагит Алекперов. Потанин, од своја страна, изјави дека главната теза на разговорот била „Русија не може да се изолира“, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња