Медиум: Руски разузнавачки брод забележан покрај источниот брег на САД

Американската телевизија „Фокс Њуз“ соопшти дека рускиот разузнавачки брод „Виктор Леонов“ е повторно забележан покрај бреговите на САД.

Разузнавачкиот брод на ВМФ на Русија „Виктор Леонов“ е забележан покрај источното крајбрежје на САД, соопштува телевизијата „Фокс Њус“ повикувајќи се на извори во командата на американските ВМС.

Според информациите на американската војска, бродот се наоѓал во меѓународни води на околу 37 километри југоисточно од подморничката база Кингс Беј во државата Џорџија.

Изворите на телевизијата потенцираат дека рускиот брод не навлегувал во територијалните води на САД, кои почнуваат на 22,2 километри од крајбрежјето.

Во средината на февруари „Виктор Леонов“ исто така беше забележан недалеку од подморничката база во државата Конектикат, а по неколку часови – во близина на Норфолк во Вирџинија.

Се истакнува дека бродот се вратил до источното крајбрежје на САД откако минатата недела се пополнил своите залихи на вода, храна и гориво во Хавана, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња