Аксјонов: Гривната и Украина се заборавени како лош сон

Република Крим во целост се интегрираше во составот на Русија, жителите на полуостровот веќе не се сеќаваат што е тоа гривна, тоа време е „заборавено, како лош сон“, изјави првиот човек на регионот Сергеј Аксенов пред третата годишнина од присоединувањето на Крим кон Русија.

Аксјонов потенцираше дека Крим повеќе не зависи од испораките на прехранбени производи, вода и електрична енергија од Украина, пренесува „Взгљад“.

„Имаме мир, ред и слога“, потенцираше тој.

Аксјонов исто така изрази увереност дека во западните земји расте позитивната перцепција на полуостровот како руски регион.

На 16 март 2014 года на Крим се одржа референдум за автономен статус на кој повеќе од 96% од гласачите се искажаа за влегување на регионот во состав на Русија. На 21 март претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на договорот за влегување на Крим и Севастопол во состав на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња