Захарова го коментираше продолжувањето на антируските санкции

Портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова ја коментираше одлуката на Советот на ЕУ за продолжување на санкциите против Русија и изјави дека таа одлука предизвикува жалење.

„Одлуката на Советот на ЕУ предизвикува жалење. Ситуацијата со неисполнувањето на „Минската спогодба“ навистина се менуваше малку поради несакањето на Киев да ги исполни своите обврски според наведените документи“, се вели во соопштението на сајтот на МНР на РФ.

Притоа таа истакна дека возвратната руска стоп-листа исто така ќе продолжи да важи.

На 13 март Советот на ЕУ ја продолжи за шест месеци – до 15 септември – важноста на индивидуалните санкции против граѓани и правни лица на Русија и Украина, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња